Ракометарите само еден ден во Скопје – од утре Србија е базата на Македонија пред ЕП!

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, денеска ја имаше првата прозивка пред  настапот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Лазаров за првиот дел од подготовките ќе може да смета на 19 ракометари, како и на осум резервни играчи, кои во секој момент треба да бидат подготвени за евентуална замена.

На денешниот собир поради клупски обврски отсуствуваа капитенот Никола Митревски, како и левиот бек Филип Талески.

Двајцата ракометари ќе му се му се приклучат на националниот тим во Стара Пазова, каде од утре ќе се одвиваат тренинзите на „црвено-жолтите“.

На 29 декември во Стара Пазова ќе се одигра првиот пријателски натпревар против Црна Гора, додека на 4 и 5 јануари во Скопје на програмата се две средби против селекцијата на Грција.

Македонија на Европското првенство 2024 за ривали во рамки од групната фаза ги има репрезентациите на Франција, Германија и Швајцарија.