Тимот на Македонија Ѓорче Петров по поразот од Аеродром, им се врати на победите во прволигашката конкуренција.
Избраниците на Оливер Димитриоски го совладаа составот на Шампион со убедливи осум голови разлика, 35-27.
Гостите пружија силен отпор во првиот дел, иако домашните водеа со четири гола, сепак Шампион успеа да се врати и да води пред паузата, 16-15, но Домика се потруди за реми.
Во второто полувреме доминираше „дробилицата“ и полека ја градеше предноста, а до крајот не дозволи Шампион да помисли на некаков камбек во мечот.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Мартин Бучуковски со шест и Михаил Тотиќ со пет погодоци, додека во листата на стрелци се запишаа сите останати ракометари. Кај Шампион осум гола даде Давид Јовчевски.
Македонија Ѓорче Петров е на делба на четвртата позиција со осум бода заедно со Текстилец и Аеродром, додека Шампион е на 12 место со два бода.
Во следното коло „дробилицата“ гостува кај Драчево Јуниор на дерби двобој, додека Шампион ќе го пречека Вардар Неготино.

























