Кузмановски: Веруваме во нашиот квалитет и во системот што го работиме

Машката репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.

Левиот бек Филип Кузмановски е среќен што повторно е заедно со колегите од репрезентацијата и уште еднаш потврди дека верува во неговиот и во квалитетот на останатите ракометари.

„После долго време пак сме заедно, среќен сум што сме заедно. Здрави сме, веруваме во тоа што го работиме и денеска почнуваме со подготовките. Утре заминуваме за Србија, групата ни е многу тешка, но кога ќе ги видите останатите групи ќе сфатите дека нема лесна група. Ќе работиме напорно, веруваме во нашиот систем. Со Франција ќе играме на стадион во Диселдорф, ќе има 55.000 гледачи и тоа ќе биде голема мотивација за нас. Знам дека ќе имаме и ние голема поддршка како и секогаш. Франција нормално е фаворит, но спортски е да се надеваме, потоа имаме четири дена во кои ќе се спремаме за останатите две средби. Ние сме млада репрезентација, веруваме во нашиот квалитет, мислам дека во иднина со поголемо искуство ќе имаме уште поголем квалитет“, изјави Кузмановски.

Македонија го отвора ЕП со натпревар против Франција, а на 14 и 16 јануари ќе ги одигра дуелите со Германија и Швајцарија.