Селекторот на Романија, Чави Пасквал, веќе ја имаше првата прозивка на репрезентативците на кои ќе смета за Европското првенство во Германија.
Пасквал од 10 декември работеше со 24 ракометари од домашниот шампионат, но ги немаше на располагање Хавиер Хумет, Анте Кудуз и Драгош Хантару, кои имаат проблеми со повреди.
Сите тројца треба да му се приклучат на тимот на 26 декември кога ќе почне втората фаза на подготовките за ЕП, заедно со двајцата интернационалци – Андреј Бузле од Гранољерс и Демис Григорас од Бенфика.
Романија ќе биде домаќин на „Трофеј Карпати“ и ќе играат против Грција, Словачка и Грузија на 28 и 29 декември, додека од 4 до 6 јануари ќе бидат дел и од „Жолтиот Куп’ во Швајцарија, каде покрај домаќинот ќе тестираат и со Аргентина и Босна и Херцеговина.
Романците се во група со Шпанија, Хрватска и Австрија на ЕП.