Македонскиот голман Градимир Чаневски заедно со екипата на Макаби Ришон Ле Зион ќе имаат нов предизвик.
Тимот на Чаневски во натпревар од 9. коло во најквалитетното натпреварување во Израел за ривал го има незгодниот Макаби Моцкин.
Чаневски и колегите со евентуална победа во денешниот дуел ќе останат во трка за првата позиција на табелата.
На денешната програма нема да има многу дуели, па така ќе игра уште во Исланд, Норвешка, Полска и Шведска.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ЗАГЛЕБЈЕ – ГДАЊСК (ПОЛСКА)
18:00 БЕРГЕН – РУНАР (НОРВЕШКА)
18:30 МАКАБИ МОЦКИН – МАКАБИ РИШОН (ИЗРАЕЛ)
19:00 АРАНАС – КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА)
19:00 ЛУГИ – ИШТАД (ШВЕДСКА)
19:00 МАЛМЕ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)
20:30 АФТУРЕЛДИНГ – ВАЛУР (ИСЛАНД)