Македонија Ѓорче Петров го совлада составот на Партизан Гевгелија со 49-29 и на коло до крајот на регуларниот дел го потврди пласманот во плеј-офот за Супер лигата.
Ѓорчевци сега имаат 13 бода на четвртото место и иако ги одиграа сите натпревари и ќе бидат слободни во последното коло, остануваат недостижни за Кичево, Овче Поле и Партизан Гевгелија, кои имаат по седум бодови.
Победникот на овој натпревар беше решен уште по првиот дел, кога избраниците на Дејан Коцев водеа со девет гола, 20-11.
Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата и предноста во корист на домаќините само се зголемуваше до конечните 20 гола разлика.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефан Нацев и Максимилијан Ѓиноски со по десет погодоци, додека кај гевгеличани се истакна Марко Михајловиќ со осум гола.