Штипски Текстилец славеше против Преспа Вардар со 37-25 во натпревар од 13 коло во прволигашката конкуренција.
Предводник на штипскиот тим беше левото крило Дарио Јорданов со 14 погодоци, а победникот на овој меч беше познат уште по првиот дел, 22-13.
Во второто полувреме немаше многу возбудувања и гостите не успеаја во своите напори да направат камбек.
Покрај Јорданов, во победничкиот тим се истакнаа Џинес и Савев, со седум односно шест гола, а кај Преспа Вардар, најдобар стрелец беше Филиповски со осум погодоци.
Текстилец и покрај победата ќе остане на петтото место со 15 бода, додека во плеј-офот ќе патува Шампион кој по триумфот над Борец има 21 бод на коло до крајот.