Денес со натпреварот меѓу Франција и Норвешка ќе биде затворено Светското првенство 2023.
Овие две репрезентации играа во финалето и на претходниот Мундијал, во кој скандинавската селекција триумфираше над „триколорките“ со 29:22.
Норвешка ќе атакува на петтиот златен медал на Мундијалите додека Франција ќе посакува да го освои третото злато.
Во натпреварот за бронзен медал ќе играат Шведска и Данска, за 5-то место репрезентациите на Германија и Холандија, додека за 7. позиција ќе се борат Чешка и Црна Гора.
На македонска сцена ќе има неколку дуели во единственото женско сениорско натпреварување и во прволигашката конкуренција.
Машката младинска репрезентација на Македонија во текот на денешниот ден ќе се соочи со Романија во третиот натпревар на турнирот „Трофеј Карпати“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:15 ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА (СП)
12:30 ВАРДАР – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА (СП)
13:30 СТРУЖАНКА – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЛАЈПЦИГ – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)
15:30 МЕШКОВ БРЕСТ – СКА МИНСК (БЕЛОРУСИЈА)
16:00 ШВЕДСКА – ДАНСКА (СП)
16:00 СЕСОН – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)
16:30 ХАНОВЕР – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)
16:30 МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (СП)
17:00 СЕСВЕТЕ – ВАРАЖДИН (ХРВАТСКА)
17:00 КРКА – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
17:30 ЈЕХОНА – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПЛЗЕН – СТРАКОНИЦЕ (ЧЕШКА)
19:00 БЕНФИКА – СПОРТИНГ (ПОРТУГАЛИЈА)
19:00 ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА (СП)
20:00 МАКЕДОНИЈА ЃП – ПАРТИЗАН (МАКЕДОНИЈА)