Тимот на Бисинов останува непоразен во провлигашката конкуренција и со денешната победа над Радовиш од 26:25 (13:13) го осигура првото место во групата А.
Амбициозниот тим од Велес кој на пролет ќе биде истакнат фаворит во плеј-офот, на денешниот дуел беше предводен од искусните Ивица Илиев и Никола Димитров.
Двајцата ракометари постигнаа вкупно 15 погодоци и заедно со довчерашниот голман на Радовиш, Славјан Паунов, беа најзаслужни за продолжувањето на победничката серија. Десното крило Димитров го постигна и победничкиот гол за домашниот тим.
Прволигашкото дерби помина според очекувањата, се играше гол за гол и ниту една од двете екипи не можеше да направи исчекор. Во резултатската бркотница, гостите од Радовиш од 24:24 дојдоа до 25:24, но домашниот тим беше повеќе пофокусиран во клучните моменти и со два гола во низа стави точка на големата неизвесност.
Најефикасни во победничката екипа беа Ивица Илиев со девети Никола Димитров со шест погодоци. Кај Радовиш најдобар поединец беше Здравко Постолов со осум погодоци, голманот Кристијан Костадиновски имаше 18 одбранети удари.