По пласманот на селекцијата на Франција во финалето на Светското првенство, стана познато дека на Олимписките игри се пласира Данска!
Двата финалисти на Мундијалот Норвешка и Франција веќе од претходно имаа обезбедено место на ОИ, па затоа местото на најголемото натпреварување што е наменето за победникот на СП преминува на второпласираната селекција на ЕП 2022.
Тоа е репрезентацијата на Данска, која играше во финалето на ЕП 2022 и загуби од Норвешка.
Данска последен пат играше на ОИ 2012 кога се пласираше на 9 место. Дотогаш три пати беше дел од ОИ и три пати освојуваше злато – 1996, 2000 и 2004 година.
Претходно место на Олимписките игри во Франција, покрај домаќинот обезбедија Норвешка, Ангола, Јужна Кореја и Бразил.
Останатите шест места ќе бидат пополнети преку квалификациските турнири што ќе се играат во април догодина.