Селекторот на машката сениорска репрезентација на БиХ, Ирфан Смајлагиќ, го скрати поширокиот список пред настапот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Германија.
Од првичниот список со 35 ракометари, тој е скратен и подготовките за настапот ќе стартуваат со 21 ракометар.
Меѓу оние кои што се најдоа во потесниот избор ѐ и екс членот на Металург, Игор Мандиќ, кој настапува во францускиот шампионат, поточно за екипата на Селест.
Смајлагиќ ќе може да смета на неколку искусни ракометари како Мирсад Терзиќ, Парко Паниќ, браќата Сенјамин и Бенјамин Буриќ, Адмир Ахметашевиќ…
Босанците подготовките ќе ги стартуваат на 25 декември во Сараево, потоа на 3 јануари патуваат во Швајцарија каде што ќе настапат на турнирот „Жолт Куп“.
Учесници на овој турнир, покрај Швајцарија и БиХ, ќе бидат уште Аргентина и Романија.
БиХ на континенталниот собир во групната фаза ќе игра со Гурија, Холандија и бранителот на титулата, репрезентацијата на Шведска.