Репрезентацијата на Црна Гора на Светското првенство 2023 имаше многу среќа и избори пласман во четвртфиналето, но пласманот го обезбеди уште пред да го одигра последниот натпревар против Шведска од главната фаза.
За судбината на црногорките се одлучуваше на натпреварот меѓу Унгарија и Хрватска, натпревар кој што заврши со победа на унгарките од 23:22. Токму Унгарија со победата над Хрватска ја чекираше Црна Гора во четвртфиналето.
Избраничките на Бојана Поповиќ обезбедениот пласман меѓу најдобрите осум репрезентации го прославија во соблекувалната, а радосната вест беше соопштена од репрезентативката Ѓурѓина Јауковиќ, која во финишот од дуелот меѓу Унгарија и Хрватска ѕиркаше што се случува на теренот.
Додека Црна Гора се радуваше на четвртфинале, избраничките на Ивица Обрван ронеа солзи на теренот во салата „Скандинавиум“ во Гетеборг.
Црна Гора за ривал во четвртфиналето ја доби репрезентацијата на Данска, додека Хрватска настапот на Мундијалот го заврши на 14. позиција.
🇲🇪 The moment you find out you’re in the World Championship quarter-finals 🙌🔥#DENNORSWE2023 #aimtoexcite @rukometnisavez pic.twitter.com/cLFnWW06yO
— International Handball Federation (@ihf_info) December 11, 2023