Репрезентативката на Русија и колешка на Сара Ристовска во ЦСКА Москва, Елена Михаиличенко, одлучи да ја прекине кариерата поради здравствени проблеми.
Од московската екипа преку клупската страна не соопштија дополнителни информации, но истакнаа дека се надеваат на камбек на Михаиличенко за плеј-оф натпреварите.
Левиот бек е меѓу најдобрите стрелци во составот на Олга Акопјан, во досегашниот тек од сезоната на 14 одиграни натпревари постигна 79 погодоци.
ЦСКА Москва до крајот на годината ја очекуваат дуелите со екипите на Ижевск и Агу Адиф.
На овие натпревари Ристовска и колешките не би требало да имаат поголеми проблеми за да дојдат до победа.