ТРИ ЅВЕЗДИ НА 9. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eдинствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 9. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Ова коло беше комплетирано со вчерашниот дуел меѓу Ѓорче Петров и Овче Поле СУ. Актуелниот бранител на титулата немаше многу проблеми против тимот од Свети Николе и забележа убедлива победа од 45:20

Во изборот за ѕвезда на 9. коло има по една ракометарка од Вардар, Металург Автокоманда и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 9. коло, резултати:

Пелистер – Куманово 15:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Вардар 18:36 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Шампион 43:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Астибо 52:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Гевгелија 25:12 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Овче Поле СУ 45:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Скопје 40:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 9. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Симона Грујовска - Куманово
51.57%
Сара Миновска - Металург Автокоманда
44.91%
Андреа Илиќ - Вардар
3.52%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 9. КОЛО

Симона Грујовска (Куманово) – Младата голманка, која беше избрана за ѕвезда на 7. коло, продолжи со одличните настапи и повторно се најде во изборот на три ѕвезди на колото. Голманката на Куманово беше нерешлива енигма во Битола и во дуелот против Пелистер имаше дури 20 интервенции.

Сара Миновска (Металург Автокоманда) – Репрезентативката на Македонија од натпревар во натпревар е се подобра. Нејзиниот тим убедливо го доби дуелот против Астибо, а левото крило зад своето име запиша 13 погодоци.

Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката на „црвено-црните“ на натпреварот против Стружанка интервенираше по потреба и на својот тим му помогна да оствари висока победа. Илиќ уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма и на гостувањето во Струга имаше 11 одбранети удари.