Средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, кој беше на позајмица во Кадсија од Кувајт, беше избран во идеалниот тим на азискиот шампионат.
Јапонскиот интернационалец имаше одлични партии во групната фаза, а особено во мечот за бронза против Ал Кувајт.
На тој меч Јасухира даде десет гола, меѓу кои беше и победничкиот погодок на неколку секунди до крајот.
Во идеалниот тим се најде и некогашниот десен бек на Металург, а сега на Кадсија, Владан Липовина, кој исто како и Јасухира, даде десет гола во мечот за бронза.
Јасухира по кратката позајмица се враќа на располагање на тренерот Владо Недановски за последните две средби оваа година од Супер лигата.