Македонките Карбеска и Илиева пак ќе судат машки евро-натпревар

Македонките Силвана Карбеска и Марија Илиева одново оваа сезона се делегирани на натпревари од машките европски купови.

ЕХФ ги делегираше Карбеска и Илиева на реванш натпреварот од третата рунда на Европскиот Куп меѓу Бешикташ и Сесвете.

Натпреварот меѓу турскиот и хрватскиот тим ќе се одигра во Истанбул на 2 декември со почеток во 15:00 часот.

Делегат на овој натпревар е Асгаров од Азербејџан, а победникот од двомечот ќе се пласира во осминафиналето.

Претходно Карбеска и Илиева судеа натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа во женска конкуренција, како и дуели од машкиот Европски Куп.