ТРИ ЅВЕЗДИ НА 8. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eдинствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 8. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Екипите на Скопје и Ѓорче Петров вчера го комплетираа 8. коло во Женската лига. На седум одиграни натпревари, на победа се радуваа шест екипи, додека дуелот меѓу Овче Поле СУ и Деспина заврши без победник.

Во изборот за ѕвезда на петтото коло има по една ракометарка од Чаир, Стружанка и Металург Автокоманда

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 8. коло, резултати:

Скопје – Ѓорче Петров 18:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Деспина 17:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Металург Автокоманда 13:56 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Чаир 32:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Пелистер 38:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Спартак 21:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Стружанка 29:35 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 8. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Мила Трајковиќ - Металург Автокоманда
46.24%
Мендувие Далипоска - Стружанка
36.80%
Озкан Севданур - Чаир
16.96%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 8. КОЛО

Озкан Севнадур (Чаир) – Повремената репрезентативка на Турција ја одигра најдобрата партија во амбициозниот Чаир и со девет погодоци го предводеше својот тим до победа во дерби дуелот со Куманово. Чаир со освоените три бода се врати во игра за првата позиција на табелата во Женската лига.

Мендувие Далипоска (Стружанка) – Младата ракометарка продолжува со одличната форма од претходната сезона, во која беше меѓу најзаслужните за пласманот на Стружанка во плеј-оф фазата. Далипоска во дуелот против Астибо даде 11 погодоци, сите од игра, и на својот тим му донесе важна победа.

Мила Трајковиќ (Металург Автокоманда) – Левото крило на новакот одигра без грешка против Шампион. 22-годишната ракометарка, која има и репрезентативно искуство, во мрежата на Шампион даде 14 погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите колешки.