Ускудар и посака добредојде на Андреа Седлоска

Македонската репрезентативка Андреа Седлоска во новата сезона ќе ги брани боите на турскиот тим Ускудар.

Левиот бек по шест години замина од хрватската Локомотива Загреб и ќе има нов предизвик во кариерата.

Тоа што го најави 24Ракомет пред неколку дена, денеска доби своја официјализација од страна на турскиот клуб.

Иако имаше повеќе понуди за продолжување на кариерата од Унгарија и други турски клубови, Седлоска сепак се реши за Ускудар.

Седлоска пред да замине во Загреб во Македонија долго време го носеше дресот на Вардар, а пред да стане сениорска репрезентативка ги мина сите младински селекции.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________