Чаир ги грабна трите бода во дербито кај Куманово

По поразот од Ѓорче Петров во минатата рунда, ракометарките на Чаир се вратија на победничките патеки и славеа на тешкото гостување во Куманово со 34-32 во дерби натпреварот од 8. коло во Женската лига.

Клучната предност за победата и трите бода, избраничките на Басри Љатифи ја направија на стартот на второто полувреме. Домаќинките се бореа и успеаја на два пати да намалат на минус два, но немаа сили за комплетен камбек во мечот.

Сега Чаир има 19 бода и ќе биде на делба на втората позиција заедно со Вардар, кој исто така славеше денеска, додека првото место е резервирано за шампионот Ѓорче Петров, кој има 21 бод, но и меч од помалку од Чаир и Вардар.

Се играше израмнето во првите десетина минути кога беше 6-6, пред Рахмани и Озкан да донесат првпат плус два за Чаир, 8-6. Домаќинките вратија за нов егал и пак продолжи мечот во ист ритам до 10-10.

Тогаш за првпат Чаир се одлепи на плус три, 13-10, потоа беше и 18-15, но Куманово во последните две минути преку Црногорката Зечевиќ успеа да намали на минус еден, 19-18 и да најави интересно второ полувреме.

На стартот на вторите триесет минути, Чаир со три гола во серија поведе со 22-18 и се чини дека тоа беше клучниот период што го одлучи победникот на овој натпревар. Имаа гостинските и плус шест во текот на мечот, но тоа не ги поколеба кумановки.

Избраничките на Славиша Димитријески се бореа до самиот финиш, успеаја на две минути до крајот да намалат и на минус два, 33-31, кога имаа две ракометарки повеќе, но примија гол од Рахмани и тука беше крајот на нивните надежи.

Конечниот резултат го постави Величковска, останаа уште петнаесетина секунди за последен напад на Чаир, но гостинките успеаја да за ја задржат топката до крај и да се израдуваат на важни бодови во Женската лига.

Најдобри кај победничкиот тим беа Озкан Севданур со девет гола, како и Теодора Дукоска и Леонора Рахмани со по седум, а кај Куманово се истакна триото Габриела Величковска, Сузана Зечевиќ и Јана Ѓошевска со по осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223