ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Скопје, Аеродром, Вардар Неготино, Охрид, Бутел Скопје и Тиквеш

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 10. коло, резултати:

Група А

АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ 22-22 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ТИКВЕШ 21-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – КУМАНОВО 33-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД 31-36 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

Група Б

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МУЛТИ ЕСЕНС 31-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП 32-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ВАРДАР 24-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГОЛДЕН АРТ 39-16 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 10.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Марко Кизиќ - голман - Еурофарм Пелистер
32.39%
Мирослав Митевски - лев бек - Вардар Неготино
32.18%
Илија Мелоски - среден бек - Аеродром
24.53%
Бојан Спасовски - десно крило - Бутел Скопје
6.15%
Марио Мишевски - лево крило - Скопје
1.82%
Никола Шипинкоски - десен бек - Охрид
1.76%
Никола Стефановиќ - пивот - Тиквеш
1.18%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата на шампионот имаше дури 25 одбрани на мечот со Голден Арт.

Лево крило: Марио Мишевски (Скопје) – Левото крило беше меѓу најдобрите поединци во освојувањето на вториот сезонски бод.

Лев бек: Мирослав Митевски (Вардар Неготино) – Младиот лев бек на неготинци со седум гола беше меѓу предводниците во триумфот над Прилеп.

Среден бек: Илија Мелоски (Аеродром) – Плејмејкерот имаше седум реализации во ремито против Скопје.

Десен бек: Никола Шипинкоски (Охрид) – Охриѓанецот ја искористи минутажата и против Куманово погоди пет пати за да биде меѓу најдобрите на теренот.

Десно крило: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Одличната форма на десното крило од стартот на сезоната продолжи и на мечот со Мулти Есенс.

Пивот: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Српскиот кружен напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Струга.