Вардар одработи рутински против Пролет

Ракометарите на Вардар ја запишаа деветтата победа во суперлигашката конкуренција, откако на гостувањето во „Македонско сонце“ кај Пролет славеа со 28:24 во натпревар од 10. коло.

Домаќинот во поголемиот дел од првото полувреме беше повеќе од рамноправен противник, во неколку наврати имаше и резултатска предност, но „црвено-црните“ во последните десет минути од првиот дел го сопреа налетот на домашниот тим, не му дозволија да има ни најмал напредок во играта и на пауза заминаа со предност од плус седум, 17:10.

Избраниците на Владо Недановски имаа целосна контрола во вторите 30 минути, во кои немаа многу проблеми за да дојдат до триумф, водеа и со седум до осум гола разлика, но домашниот тим успеа да се избори за поблаг пораз.

Најефикасен во победничката екипа беше кружниот напаѓач Милан Лазаревски со шест погодоци, еден помалку постигнаа Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ.

Кај Пролет најефикасни беа Филип Арсеновски, Ласко Андоновски и младинскиот репрезентативец Томислав Димовски. Тројцата ракометари во мрежата на гостите постигнаа по пет погодоци.

Следен предизвик за Вардар е дуелот против Прилеп, додека Пролет во следното, 11. коло ќе му гостува на дебитантот Мулти Есенс.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126