Чекор назад во битката за плеј-оф, Аеродром не успеа да ја добие драмата со Скопје

Тимот на Аеродром одигра само нерешено против Скопје, 22-22 и се врати чекор назад во битката за место во плеј-офот. Во драматичниот натпревар двете екипи имаа свои шанси за победа, но ниту еден од нападите не беше искористен, па мораа да си поделат по еден бод.

Во првиот дел гостите имаа повеќе од играта и ја контролираа средбата, на за кратко останаа без предноста од четири гола и во финишот на полувремето Аеродром се врати во игра. Според прикажаното во второто полувреме, ремито е најреален исход од овој натпревар.

Сега Аеродром има 13 бода на петтото место на табелата и заостанува после Струга за два бода, додека во конкуренција за билет за плеј-оф останува и Еурофарм Пелистер 2, кој има девет на шестото место. Скопје е сега шести на табелата со два бода и му го препушти последното место на Куманово кој остана на еден бод.

Домашните отворија одлично и поведоа со 4-1, но тука како да застанаа. Снемаа идеја во нападот, Стојкоски одбрани неколку напади и Скопје полека ја топеше негативата, па не само што израмни, туку и поведе.

Постот на Аеродром без гол траеше дури 13 минути, а за тоа време избраниците на Оливер Димитриоски ги казнуваа сите грешки и со серија од седум голови по ред поведоа со 8-4.

Беше и 10-7, но гостите не го издржаа ритамот што сами го наметнаа и почнаа да грешат, останаа и со двајца играчи помалку на терен, па Аеродром со погодоците на Костов и Мелоски успеа да израмни на 10-10 и на пауза се замина со реми.

Во вториот дел се играше најчесто гол за гол, ниту една од екипите не успеваше да се одлепи на повисока предност од еден погодок до 16-16, а потоа следуваше еден период од седум минути без гол на двете страни и многу грешки.

Голманот Кизиќ спречи водство на Скопје, а тренерот Петровски повика тајм-аут, па неговите момци конечно реализираа преку Пајкоски за 17-16. Беше и 18-16, но гостите набрзина се вратија во егал и израмнија на 18-18.

Искусниот Стојановски на пет минути до крајот донесе по подолго време водство за Скопје, 20-19 и изнуди исклучување кај домашните. Стојкоски фати зицер, но неговите соиграчи не погодија и Аеродром потоа израмни на 21-21.

Во последната минута Шокоски со убав гол од далечина му донесе предност на Скопје, но домаќините набрзина организираа напад и изнудија седмерец, кој Костов успеа да го погоди и беше 22-22 на десетина секунди до крајот.

Следуваше тајм-аут за Димитриоски, Шокоски се обиде да погоди набрзина, но Кизиќ одбрани, а останаа уште неколку секунди за Аеродром, немаше шанса за шут, па обидот од девет метри на домашните заврши покрај голот на Скопје и мечот заврши реми.

По седум гола во домашниот тим имаа Илија Мелоски и Наум Костовски, додека во редовите на Скопје, шест пати погоди Марио Мишевски, а пет пати во листата на стрелци се запиша Дамјан Јакимовски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122