Познати судиите за новото суперлигашко коло – натпревари во Битола, Струга, Куманово…

Од денеска до недела ќе се одиграат натпреварите од 4 коло во Супер машката лига, а колото ќе стартува со братскиот двобој во Битола.

Натпреварувачката комисија на РФМ ги делегираше официјалните лица за овие натпревари, а најголеми возбудувања се очекуваат во Струга, каде ќе гостува Бутел Скопје.

Тој дуел ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, а интересно треба да биде и на натпреварот во Куманово, каде ќе гостуваат „витамините“ од Автокоманда. Таму се делегирани Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Супер машка лига, 4 коло:

25/09, 17:30, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 (Илиевски/Шуковски)
25/09, 19:45, Охрид – Прилеп (Георгиевски/Георгиевски)
26/09, 18:30, Струга – Бутел Скопје (Металари/Николовски)
26/09, 18:30, Младост Богданци – Алкалоид (Илиевски/Илиевски)
27/09, 18:00, Тиквеш – Вардар (Андонов/Ќаев)
27/09, 19:00, Куманово – Мулти Есенс (Божиновски/Начевски)