Бутел чекор поблиску до плејфот – Стојановски имаше 15 одбрани

Бутел направи важен чекор напред во исполнување на целта – играње во плејофот, откако во градскот дуел триумфираше против Мулти Есенс, 31-23 (16-10). На четири коло до крај на натпреварите од групната фаза од првенството на Македонија, сега Бутел има 18 бод аи се зацрврсти на третото место на табелата. Дебитантот во лигата останува на претпоследното коло со само 6 бода.

За седум минути Бутел направи пресврт во првото полувреме и најави дека не планираат „распродажба на бодовите“. Младиот тим предводен од Иван Марковски имаше водство од 5-3 во 12 минуита покажувајќи му на фаворизираниот тим Бутел дека се дојдени по изненадување. Но,. тогаш се разбрани и Александар Стојановски, одбраната на Бутел „ги спои редовите“ и ги искористија во напад сите грешки на гостите. Па во 20 минута Бутел имаше водство 10-5.

Потоа некао лесно, брзо и прецизно играа домаќините па стигнаа до највиоските 15-9 во 28 минута. Шесте гола останаа и на полувреме. Стојановски имаше шест одбрани, а на спротивната страна голманите имаа само две. Бутел имаше и три исклучувања во првото полувреме, а Мулту Есенс ниту едно.

На половина од второто полувреме Бутел првпат дојде и до „плус 8“ за водство 25-17, откако претходно двапати имаше по седум гола предност. До крај мечот веќе беше само рутина кој домаќините го завршија со триумф кој им е многу важен. Во последната минута Бутел ја имаше највисоката предност, 31-22. Голманот Стојановски продолжи со одличните одбрани и мечот го заврши со 15 запрени топки кои беа упатени кон неговиот гол.

Во борбата за плејоф, на ракометарите на Бутел им следуваат две средби од четирите, кои директно ќе решаваат за влез меѓу осумте најдобри. Во следното коло Бутел му гостува на Голден Арт, а во последното игра со Пролет. Тие директно решаваат за место што ќе им донесе разигрување за титулта.

Кај Бутел најпрецизни беа Бојан Спасовски со 6 гола, и Лука Иваниќ и Владимир Јефтиќ со по 5 гола. Кај гостите по пет гола дадоа Божидар Илиески и Олег Јорданов.

ТАБЕЛА Б ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126