Младите битолчани му „покажаа заби“ на вицепрвакот

Македонскиот вицепрвак на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 ја запиша десеттата победа во суперлигашката конкуренција, откако триумфираше со 36:31.

Домашниот тим по лошиот прв дел, одигра одлично во второто полувреме, во кое се покажа како достоен, но и опасен ривал, бидејќи составот на Лазаров претежно водеше со три до четири гола разлика.

Тимот од Автокоманда со новите освоени бода го задржа лидерското место во групата А и сега на свое конто има 30 бода, додека Еурофарм Пелистер 2 останува на 6. позиција.

Избраниците на Кире Лазаров уште од самиот старт наметнаа свој ритам на игра и во текот на сите 60 минути беа во резултатска предност. Младите битолчани на моменти покажуваа квалитетна игра, беа желни да се носат со поискусниот ривал од Скопје, но грешките во првиот дел си го направија своето, па така натпреварот беше решен уште во првите 30 минути.

Откако вицепрвакот на пауза замина со плус шест 22:16, избраниците на Михаил Петревски се консолидираа во второто полувреме, ја подобрија реализацијата и во поголемиот дел од вториот дел беа достоен ривал. Вицепрвакот имаше кризен период и по водството од 27:21, следуваше серија од 3:0 на домаќините, кои во 42 минута намалија на 27:24.

Од тој период главно се играше гол за гол, гостите ќе се одлепија на четири до пет гола разлика, домаќините возвраќаа, но секогаш им недостасуваше вистинскиот чекор за целосно да фатат резултатски приклучок.

Најефикасен во победничкиот табор беше Мартин Серафимов со осум погодоци. Кај Еурофарм Пелистер 2 солидно издание имаше Христијан Митревски, постигна седум погодоци, додека пет играчи имаа по четири реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122