Ракометарките на Стружанка во натпревар од 8. коло од Женската лига славеа на гостувањето во Штип кај Астибо со 35:29 (20:12).
За Стружанка денешната победа против Астибо беше петта во новата натпреварувачка сезона и со новите освоени бодови остана во игра за место меѓу најдобрите пет екипи.
Гостинките од Штип на чело со Далипоска и Затуроска во најголемиот дел од натпреварот беа во резултатска предност.
Домашниот тим парираше само до првата половина од првото полувреме, потоа се беше во знакот на гостинскиот состав.
Најефикасни во победничката екипа беа Мендувие Далипоска со 12 и Ивана Затуроска со девет погодоци.
Во поразениот табор прво име беше Марина Анчева, која зад своето име запиша 13 реализации.