ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шампионот против Голден Арт во Скопје, вицепрвакот на гости во Битола

Денеска со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид ќе започне новото, 10. коло во суперлигашката конкуренција.

Тимот на Лазаров поради обврски на европска сцена, поточно во Лигата на Европа, денес ќе го одигра дуелот со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Македонскиот вицепрвак во досегашниот тек од сезоната нема загубено бод, има девет од девет, додека младите пелистерци се борат за пласман во плеј-офот.

Суперлигашкиот дуел со Еурофарм Пелистер 2 за ракометарите на Лазаров ќе биде генералка пред домашниот натпревар со Силкеборг во рамки од третото коло од Лигата на Европа.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, поради настапите во Лигата на шампионите, исто така порано од предвиденото ќе го одигра дуелот со Голден Арт.

Низ Европа ќе се игра во Асобал лигата, Бундес лигата, Данска, Естонија, Португалија, Исланд…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

10:15 КЕЛЦЕ – САН ФРАНЦИСКО (СУПЕР ГЛОУБ)

12:30 АЛ КУВАЈТ – ФУКСЕ (СУПЕР ГЛОУБ)

14:45 МАГДЕБУРГ – УНИВЕРЗИТЕТ КВИНСЛЕНД (СУПЕР ГЛОУБ)

17:00 АЛ АХЛИ – БАРСЕЛОНА (СУПЕР ГЛОУБ)

17:00 МТК – ДУНАЈВАРОШ (УНГАРИЈА)

17:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГОЛДЕН АРТ (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ТАПА – КЕХРА (ЕСТОНИЈА)

18:30 КОЛДИНГ – ЛЕМВИНГ (ДАНСКА)

19:00 ФРЕДЕРИЦИЈА – ХОЛСТЕБРО (ДАНСКА)

19:00 ХАНОВЕР – КИЛ (БУНДЕС)

19:00 РАЈН НЕКАР – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)

20:00 БЕНФИКА – МАДЕИРА (ПОРТУГАЛИЈА)

20:00 БИДАСОА – ГРАНОЉЕРС (АСОБАЛ)

20:30 ХАУКАР – ФХ (ИСЛАНД)

20:30 КА – АФТУРЕЛДИНГ (ИСЛАНД)