Викендов се комплетираше 4. коло од пионерската лига во машка конкуренција, каде беа одиграни голем број на натпревари. Тимовите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Скопје, Куманово, Бисинов и Охрид имаа максимум учинок во досегашните одиграни три, односно четири натпревари.
Во група А, Охрид оствари убедлив триумф против Јуниор КВ со 70-1. Филип Тодоровски го постигна едниот гол за Јуниор Кисела Вода, додека кај екипата на Охрид по десет гола имаа Стефан Матески и Христијан Пупунцоски. Мулти Есенс беше подобар од Вардар на гостински терен и оствари триумф со 23-16.
Голден Арт го наполни голот на Асови Вардар и славеше со 36-8. Најефикасен во Голден Арт беше Бојан Црцаревски со 11 погодоци, додека кај Асови Вардар најефикасен беше Едис Османоски со три погодоци.
Во група Б, Еурофарм Пелистер беше убедлив против Илинден Вардар со 28-11. Скопје славеше против Тиквеш со 25-22, додека Младост Јуниори беше сигурен на гостувањето кај Голден Арт Аеродром со резултат 14-10.
Во група В, Бисинов победи против Текстилец со 29-14. Во дербито Куманово славеше против Аеродром со минимални 21-20. Најефикасен во тимот на Куманово беше Ангел Арсовски со осум гола, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Борјан Благоев со седум гола
Пионери, 4. коло, резултати:
Група А
Голден Арт – Асови Вардар 36-8
Јуниор Кисела Вода – Охрид 1-70
Струга – Динг 24-16
Вардар – Мулти Есенс 16-23
Еурофарм Пелистер 2 слоб.
Група Б
Алкалоид – Вардар Неготино 34-12
Илинден Вардар – Еурофарм Пелистер 11-28
Голден Арт Аеродром – Младост Јуниори 10-14
Скопје – Тиквеш 25-22
Прилеп слоб.
Група В
Куманово – Аеродром 21-20
Македонија Ѓорче Петров – Астраион 27-17
КЛ7 Свети Николе – Пролет 18-23
Радовиш – Бутел Скопје 29-14
Бисинов – Текстилец 24-11