Викендов се комплетираше 3. коло во пионерската лига во женска конкуренција.
Во група А, тимот на Кузман Вардар Илинден го совлада Металург Автокоманда со 22-17. Кузман Вардар Илинден беше предводен од Мила Савовска со 13 гола, кај Металург Автокоманда најефикасна беше Натали Маџовска со девет гола.
Тимот на Вардар беше сигурен против составот на Делчево Вардар со 24-17. Најдобар стрелец кај Вардар беше Мила Ристовска со шест гола, додека кај екипата на Делчево Вардар најдобар стрелец беше Бојана Ѓеорѓиевска со осум гола.
Прва победа за Старк во пионерската лига, триумф против Младост Богданци со 13-5, а победа забележа и Астибо против Овче Поле СУ со резултат 15-12.
Во група Б, Стружанка со висока победа против Чаир од 20-6. За екипата на Чаир, Рона Мифтари ги постигна сите шест погодоци, додека кај Стружанка најефикасна беше Елена Балоска со пет гола.
Во женското пелагониско дерби Пелистер беше убедлив против Деспина со 17-9. Најефикасни во тимот на Пелистер беа Сара Котевска и Анастасија Тодоровска со по пет гола, додека кај Деспина најефикасна беше Матеа Христоска со три гола.
Високи победи остварија Ѓорче Петров против Лихнид со резултат 28-10 и Металург против Младост Јуниори 26-15.
Пионерки, 3. коло, резултати:
Група А
Астибо – Овче Поле СУ 15-12
Младост Богданци – Старк 5-13
Вардар – Делчево Вардар 24-17
Кузман Вардар Илинден – Металург Автокоманда 22-17
Група Б
Чаир – Стружанка 6-20
Ѓорче Петров – Лихнид 28-10
Металург – Младост Јуниори 26-15
Пелистер – Деспина 17-9