По вчерашната одлична партија на Филип Дабески од Драчево на мечот со Борец, уште една иста таква имаше и левиот бек на Јехона, Дамјан Наумовски, кој постигна 22 погодоци.
Јехона го совладан Шампион со 37-33, во натпревар од 8 коло од прволигашката конкуренција, кој го одбележа Наумовски.
На паузата домашните имаа предност од три гола, 16-13, а во вториот дел имаа и плус девет, 27-18, но гостите во финишот го ублажија поразот.
Покрај Наумовски со 22 гола, во составот на Јехона пет гола даде Адис Салиу, кој доби црвен картон во последната минута поради трите исклучувања.
Кај Шампион, Стефан Огненовски и Христијан Сибиновски, имаа по шест погодоци.