Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 8. коло од прволигашката конкуренција на гостувањето во Штип кај Текстилец издвојуваа убедлива победа, која беше изразена со 11 гола разлика, 37:26.
Сега со новите освоени бодови тимот на Младост Богданци го задржа лидерското место во групата А, сега има 22 бода на свое конто, додека второпласираниот Драчево 18.
Домаќинот беше рамноправен само во воведниот дел, во неколку наврати беше во резултатска предност, но во останатиот дел на теренот доминираа само гостинските ракометари, кои победата ја обезбедија уште во првото полувреме.
Младост Богданци на пауза замина со 19:11, во вторите 30 минути дојде до двоцифрена резултатска предност и до финишот имаше целосна контрола на резултатот.
Најефикасни во победничката екипа со по шест погодоци беа Ѓорѓе Атанасов и Илија Чрчев, еден помалку постигнаа Стамен Гогов и Мартин Прчев. Во поразениот табор се истакна Филип Џинес со седум погодоци.