Ракометарките на Стружанка врзаа три победи во низа, откако во натпревар од 7. коло од Женската лига славеа во дуелот против Шампион со 39:33.
Стружанка со новите освоени бодови се вклучи во игра за едно од местата кои што водат кон Европа, додека Шампион останува во долниот дел на табелата со само една победа.
На овој натпревар се беше решено уште во првиот дел, во кој избраничките на Владимир Паноски покажаа дека се далеку поквалитетни на теренот и на пауза заминаа со резултатска предност од 21:14.
Вториот дел беше повеќе формалност и шанса за гостинскиот тим од Скопје да ја преполови негативата и да се избори за пристоен пораз.
Победничката беше предводена од Мендувие Далипоска со десет и Маја Раткушиноска со девет погодоци. Кај поразениот табор прво име беше Анастасија Ѓорѓиева со десет погодоци, два помалку постигна Мила Филипова.