Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир за ЕХФ неделата и двомечот со селекцијата на Грција.
Селекторот Кире Лазаров ги истакна своите очекувања за подготвителниот период и ги коментираше најавите околу приклучувањето на Стојанче Стоилов во стручниот штаб на „црвено-жолто“.
,,Столе Стоилов секогаш има отворена врата, кога и да сака, кога и да посака. Јас зборував со него, има обврски во Вардар. За него секогаш местото е отворено во националната селекција и секогаш допринесувал и допринесува во ракометот“ изјави Лазаров.
Стоилов во април, 2022 година, стави крај на својата репрезентативна кариера.
Лазаров: Ни значи секој ден и секој тренинг за добри подготовки за ЕП
Талески: Сите играчи сфатија што значи да се игра европски ракомет
Костески: Меѓу мене и брат ми нема конкуренција, кој и да игра – ќе бидам среќен
Лазаров прозиваше, сениорите се собраа за двомечот со Грција