Во меч со 74 гола триумфираше Тиквеш

Уште во првите 30 минути Тиквеш „ја реши работата“ со Аеродром бидејќи домаќините водеа со 25-15 најавувајќи го својот осми триумф сезонава. На крајот победата беше дури и убедлива, 43-31, а Темелковски, Коцев и Обина заедно постигнаа 24 голови.

Кавадарчани остануваат на второто место на табелата во А групата со 21 бод, и ќе го чекаат дуелот со лидерот Алкалоид, или него вкикс за да може да се надева на пренесе три бода во плејофот. Аеродром останува на 5. место со 12 бода, и се уште има шанси, барем може да се надева дека може да остане воп игра за 4. место што носи во разигрување за титулата.

Скопјани ќе треба да чекаат на кикс на Струга на дуелот со Куманово, а во спротивно ќе мора да „запне“ на некоја друга средба што директно ќе решава за тоа место.

Немаше дилеми на мечот околу победникот, освен за конечниот резултат, и разликата со која Аеродром ќе си замине дома. Двете екипи повеќе беа сконцентрирани на нападот, отколку на одбраната за што покажуваат и постигнатите голови на двете страни. Играчите го покажаа голгетерските способности,

Кај домаќините најпрецизен беше Евгениј Темелкоски со 9 гола, а еден помалку даде Димитар Коцев. Кај гостинскиот тим шест гола дае Виктор Трифуноски, а по пет дадоа Филип Пајкоски и Наум Костов.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613