Левото крило Јан Чувара се најде на списокот на селекторот Марцин Лијевски за претстојните пријателски натпревари на Полска во ЕХФ неделата.
Чувара летово замина од Вардар по две сезони, но се наоѓаше во процес на рехабилитација по повредата на лигаментите на коленото и се уште нема нов клуб.
Но и покрај тоа што нема клуб, Лијевски го вметна Чувара на списокот, на кој се наоѓа уште еден поранешен вардарец, Патрик Валчак, кој сега игра за хрватскиот Загреб.
Тој одигра две сезони во Вардар, настапуваше во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига и остави одличен впечаток.
Настапите во Вардар беа првото интернационално искуство за левото крило од Полска, кое во татковината ги носеше дресовите на Заглебје Лубин и Горњик Забже.
Полскиот селектор за двете пресметки со Унгарија на 4 и 5 ноември, нема да смета на пивотот на ПСЖ, Камил Шипжак, кој не се најде на списокот со 21 ракометар.