Екс пелистерецот Табоада останува верен на Фредериција

Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, РеинеТабоада, кој беше дел од битолскиот тим во сезона 2021/22, нема да ја менува клупската средина.

Репрезентативецот на Куба одлучи да остане во данскиот суперлигаш Фредериција, клуб кој има високи амбиции во новата сезона.

26-годишниот ракометар заедно со раководството на Фредериција се договорија на нова соработка, со важност до јуни, 2025 година.

Табоада игра одлично во дресот на Фредериција и беше меѓу најзаслужните за остварениот триумф против актуелниот шампион на Данска, ГОГ.

Екипата на Табоада моментално се наоѓа на 2. позиција во данскиот шампионат и заостанува само на три бода од првопласираниот Алборг.