Струга ја продолжува трката за плеј-оф, го совлада Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Струга им се врати на победите во Супер лигата, откако во натпревар од 6. коло славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 23:21. За Струга дуелот со вториот тим на македонскиот шампион беше од огромна важност и со новите три бода останува во игра за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата.

Стружани сега на свое конто имаат девет бода, се израмнија на табелата со Охрид и Аеродром, кои денес ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел. Еурофарм Пелистер 2 останува на три бода во групата А.

Избраниците на Наум Танески имаа посакуван старт и откако беше нерешено, 1:1, со два гола во низа се одлепија на 3:1. Гостите од Битола за десет минути игра имаа постигнато само два, а примено четири гола, па така резултатот кон средината на првиот дел беше 4:2 за домашниот тим.

Од тој момент тимот на Струга константно беше во предност, во еден момент зголеми и на плус четири, 7:3, но младите битолчани не дозволија домаќините да имаат заминаат на уште поголема предност и во финишот од првото полувреме успеаја резултатски да се доближат.

Откако Струга имаше 9:6, тимот на Михаил Петровски со погодоците на Ивановски намали на минус еден, 9:8. Битолчани на речиси дваесетина секунди пред крајот на првиот дел имаа шанса од пенал да дојдат до изедначување, но голманот Рикановиќ го одбрани ударот на Трпчевски. Домаќините кризата ја прекинаа со голот на средниот бек Бугариновиќ за 10:8 на полувреме.

Струга преку разиграниот Бошњак, кој освен погодуваше и асистираше, осетно ја зголеми разликата во вториот дел и ги остави битолчани без шанса за било каков камбек. Струга по 12:10, направи серија од 4:0 и во 45 минута дојде до плус седум, 17:10.

Битолчани за момент се консолидираа, намалија на 17:13, во финишот беше и 23:20. Домашните попуштија во ритамот, гостите со голот на Ивановски намалија на 23:21, а потоа имаа уште еден седмерец. Беше исклучен и Бугариновиќ, за кого тоа беше трето исклучување и црвен картон, но сепак Рикановиќ го одбрани ударот и беше јасно дека бодовите ќе останат во Струга.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бошњак со осум, како и крилата Јанкуловски и Костоски со по четири погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакна Калајџиески со шест гола. Во следното коло битолчани играат дома со Куманово, додека Струга ќе му гостува на Аеродром.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613