ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет, Aеродром, Скопје и Куманово.

За МВП на колото ќе можете да гласате до среда до 12 часот.

Супер лига, 5. коло, резултати:

Група А

Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром 38-40 (ИЗВЕШТАЈ)
Алкалоид – Струга 38-18 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Куманово 25-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Тиквеш – Охрид 32-30 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

Група Б

Вардар – Вардар Неготино 35-19 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 37-19 (ИЗВЕШТАЈ)
Голден Арт – Пролет 23-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Мулти Есенс – Прилеп 31-30 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 5.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Давор Шокоски - лев бек - Скопје
34.42%
Никола Кизиќ - голман - Аеродром
31.54%
Милан Лазаревски - пивот - Вардар
25.66%
Јован Даневски - десно крило - Куманово
3.94%
Ани Обина - десен бек - Тиквеш
2.60%
Марио Танкоски - среден бек - Еурофарм Пелистер
1.06%
Давор Палевски - лево крило - Пролет
0.77%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Никола Кизиќ (Аеродром) – Чуварот на мрежата на новиот суперлигаш беше меѓу клучните поединци за трите бода во Битола.

Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило на беше меѓу најдобрите на гостувањето кај Голден Арт.

Лев бек: Давор Шокоски (Скопје) – Прилепчанецот го водеше Скопје со оусм голови до првиот бод во новата сезона.

Среден бек: Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот со четири гола беше меѓу подобрите во редовите на шампионот против Бутел Скопје.

Десен бек: Ани Обина (Тиквеш) – Нигерискиот репрезентативец со осум погодоци ги водеше кавадарчани до победа во дербито со Охрид.

Десно крило: Јован Даневски (Куманово) – Младинскиот репрезентативец имаше девет гола во првиот бод во новата сезона.

Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач на „црвено-црните“ даде пет погодоци против неготинци.