Аеродром слави – херојски триумф среде Битола кај Еурофарм Пелистер 2!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 иако ја имаше фаворитската улога, загуби на домашен терен од составот на Аеродром со 40-38. Во возбудлив натпревар новиот суперлигаш одигра одлично на тешкиот терен во Битола и ги освои трите бода. Иако домашните во финишот на мечот се вратија во игра барем за бод, сепак Аеродром беше подобар во решавачките моменти и заслужено славеше.

Во првиот дел се играше брзо, а гостинските ракометари имаа контрола на играта и на резултатот. Аеродромци помалку изненадувачки водеа со шест гола разлика, на голот беше одличен Кизиќ, а во нападот реализираа Костов и Пајкоски.

Домашниот тренер Петровски викна тајм-аут, неговите момци ја стабилизираа играта и намалија на минус три, 13-10, но во финишот на полувреме одново имаа неколку наивни грешки.

Аеродром си ја врати предноста од шест гола, 21-15, можеше и да ја зголеми, но Еурофарм Пелистер 2 преку Белистојаноски и Трпчевски успеа да погоди два пати по ред во последната минута од првиот дел и на пауза се замина со 23-19 за Аеродром.

Гостите на попуштаа ниту на стартот на вториот дел, нивното водство беше од три до пет погодоци, но битолчани беа упорни и на десетина минути до крај намалија на минус еден, 30-29.

Но потоа Трпчевски доби директен црвен картон поради еден старт, исклучен беше Талевски и Еурофарм Пелистер 2 одново беше во негатива од три гола, 33-30. Голманот на Аеродром, Кизиќ, имаше двојна одбрана од пенал, но потоа промаши од гол на гол и домашните казнија за 33-31.

Штаковски одбрани еден шут на Аеродром кој можеше да ги однесе гостите на плус четири, а казната стигна преку Мијушковиќ и во последните пет минути се влезе со плус два за гостите, 36-34.

Домашните се одбранија во два наврати и потоа намалија на 38-37 кога имаше да се играат 80 секунди до крајот, па гостинскиот стратег Дарко Петровски мораше да реагира со тајм-аут и неговите избраници потоа се изборија за пенал кој го погоди Мелоски.

Битолчани набрзина погодија преку Белистојаноски, а за опасен старт директен црвен картон доби Трифуноски од Аеродром. Беше 39-38 за Аеродром и напад на скопјани во последните триесетина секунди и со голот на Олтовски го потврди триумфот и трите бода од тешкото гостување во Битола.

За победничкиот тим одлична партија на голот имаше Кизиќ, 12 гола постигна Костов, додека по осум пати стрелаа Пајкоски и Мелоски. Во Еурофарм Пелистер 2 по осум пати погодија Белистојаноски и Трпчевски. Битолчани во следното коло гостуваат кај Струга, додека Аеродром ќе игра на гости кај Охрид.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122