Пелистерци со фуриозен втор дел до убедлива победа над Бутел

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, во натпревар од 5. коло од суперлигашката конкуренција славеше над Бутел Скопје со 37:19. Пелистерци фаворитската улога ја оправдаа уште во првото полувреме, кое го добиаја со 17:12, и потоа се одеше според планот во вториот дел.

Гостинската екипа во дел од првото полувреме успеа да биде рамноправен противник и на домаќинот не му дозволуваше да има лесни ситуации за гол. Избраниците на Јовиќ стартуваа со 2:0, но Бутел израмни на 2:2 и во уште во два наврати резултатот беше нерешен (4:4, 5:5). На секој постигнат гол на гостите, домаќините возвраќаа со 2-3 во низа, па така резултатот кон првата половина од првиот дел беше 8:5 за актуелниот македонски шампион.

Бутелци парираа колку што можеа, имаа неколку расположени ракометари за игра, но битолчани со поголемата ротација и квалитет, немаа проблеми до крајот на првото полувреме и константно беа во предност, максималната изнесуваше пет гола разлика и токму со таа разлика „фармацевтите“ го завршија првиот дел, заминаа на пауза со 17:12.

Вториот дел беше отворен со голот на Спасовски, кој за момент намали на 17:13, но домашниот тим врза четири гола во низа, се одлепи на 20:13 и во последните дваесетина минути немаа многу проблеми против гостинскиот состав, започнаа од минута во минута да ја зголемуваат разликата во своја корист.

Најефикасни во победничката екипа беа Ненад Костески со седум и Богдан Радивојевиќ со шест погодоци. Кај поразениот табор се исткана Бојан Спасовски со пет реализации.

Во следното, 6. коло, тимот на Еурофарм Пелистер оди на гости во Скопје кај Пролет. Бутел за следен ривал го има тимот на Вардар Неготино, кој во досегашниот тек од првенството нема освоено бод.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126