Ракометот во Израел на пауза на неодредено!

Во Израел е прогласена воена состојба и има масовна мобилизација, откако пред два започна нападот на Хамас кон повеќе израелски градови.

Министерството за Спорт и Култура веднаш донесе одлука за прекин на сите спортски активности на неодредено време.

Ракометната федерација објави соопштение во кое се вели дека натпреварите од машкото и женското првенство ќе бидат одложени најмалку на три недели, а потоа во зависност од ситуацијата ќе има ново решение.

Од израелската федерација се во комуникација со европската куќа на ракометот и натпреварите на женската репрезентација на Израел од квалификациите за ЕП 2024 година што требаше да се играат следната недела ќе бидат одложени, а ист ќе биде случајот и со натпреварите на машките претставници од Израел во Европскиот Куп.

Македонија во израелските шампионати ги има голманот на Макаби Ришон Ле Зион – Градимир Чаневски и средниот бек на Бнеи Херцлија – Ивана Арсениевска.