Екипата на Бутел Скопје во натпревар од третото коло од Супер лигата дојде до првата победа, откако на гостувањето во Автокоманда славеше над дебитантот Мулти Есенс со 33:28 (16:16).
Ракометарите на Горан Кузманоски наидоа на голем отпор од страна на домаќинот, кој долго време им парираше на бутелци.
Мулти Есенс во најголемиот дел од првото полувреме имаше активен резултат, додека во вториот дел пресуди искуството на гостинот.
Најефикасни во редовите на Бутел Скопје беа Филип Николов, Димитар Ѓеоргиевски и Лука Иваниќ со по шест погодоци.
Кај Мулти Есенс се истакна Димиар Узунчев со осум погодоци, три помалку запиша Мартин Димковски.