Екс ракометарката на Металург, Зорица Десподовска, ја продолжува одличната форма во Полска.
Македонската, која на почетокот на оваа година доби полско државјанство, го предводеше Кобержице до нова победа во тамошниот шампионат.
Кобержице за ривал во второто коло ја имаше Галичанка Лвив, екипа која е од Украина, но поради случувањата на своја територија, украинскиот тим игра во полскиот шампионат.
Клубот на Десподовска на овој дуел триумфираше со 30:27, а ракометарката од Македонија беше стрелец на дури десет погодоци.
За Кобержице ова беа важни бодови, бидејќи е еден од клубовите кои претендираат на освојување на титулата.
Десподовска и колешките во првото коло славеа против Старт Елблаг со 33:27. Љублин и Кобержице по две одиграни кола се единствените екипи во Полска без загубен бод.