Словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко ја стартуваше новата сезона со трофеј освоен во Супер Купот.
Избраниците на Алем Тоскиќ го победија составот на Јерусалем Ормож со 31-22, со одлично одиграното второ полувреме.
Првиот дел беше неизвесен и заврши нерешено, 15-15, но Целје во вториот дел комплетно го надигра ривалот.
Голманите Запоншек и Габершек имаа само шест одбрани, но сите играчи на Целје се запишаа во листата на стрелци.
Најдобри беа Јанц со седум и Иванковиќ со четири погодоци, додека по три пати стрелаа Кречиќ и Мазеј.