Македонскиот младински репрезентативец Матеј Тричковски својата играчка кариера ќе ја продолжи во Словенија во тимот на Копер. Откако реши школувањето да го продлжи во Словенија и се запиша на студии во Копер, македонскиот пивотмен доби покана од тимот на Копер да им се приклучи на тренинзите.
Тричковски кој е на поширокиот список на младинската репрезентација на Македонија, со вториот тим од Автокоманда стигна до титулата во Прва Лига и пласман во елитата. Но реши школувањето да го продолжи надвор од Македонија. Откако поминал неколку тренизни со Копер, нашиот играч веднаш добил „зелено светло“ да биде на тренинзите на првиот тим и на младинците.
Од Копер биле задоволни што ќе имаат таков играч во своите редови. Со цел да добие поголема минутажа за играње, Тричковски со двојна регистрација ќе настапува за тимот на Јадран од Козина (поранешен Голд Клуб) каде тренер ќе му биде Матјаж Брумен, поранешен словенечки репрезентативец и екс играч на Вардар. Брумен инсистирал да го има Тричковски во тимот гледајќи голем талент во Македонецот.
Веќе на подготвителните натпревари за Козина, нашиот играч веќе го покажал талентот играјќи во два правци, и во напад и во одбрана. Заедно со Тричковски во Копер е и Бојан Гилев, исто така млад македонски играч кој се школува во Словенија.