Келце во проблеми: Вулф ќе паузира шест недели, голот ќе го бранат двајца тинејџери!

Полскиот шампион Келце на стартот од новата натпреварувачка сезона ќе настапува без искусниот голман Андреас Вулф.

Келце преку соопштение ја информираше јавноста дека Вулф има повреда на грбот и ќе мора да паузира најмалку шест недели.

Тоа значи дека германскиот репрезентативец ќе ги пропушти првите четири дуели од групниот сегмент во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Келце за ривали во Лигата на шампионите ги имаат Алборг, Колстад, ПСЖ, Кил, ПИК Сегед, Загреб и Еурофарм Пелистер.

Првата пресметка меѓу Еурофарм Пелистер и Келце ќе биде на 25 октомври во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Дополнителен проблем за Келце е тоа што новиот голман Сандро Мештриќ имаше операција на грбот и ќе отсуствува подолг временски период.

Талант Душебаев на голманската позиција, моментално, ги има на располагање младите Никодем Блажејевски и Милош Валах.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.