ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар во лов на „лавови“, дуели на турнирите во Прилеп и Ѓорче Петров

Покрај натпреварите од трите турнири во Охрид, Прилеп и Ѓорче Петров, денеска во центарот на вниманието ќе биде и првиот натпревар од квалификациите во Лигата на Европа меѓу Вардар и Рајн Некар Левен.

„Црвено-црните“ ги пречекуваат „лавовите“ од Манхајм, кои гостуваат во Скопје по поразот од Кил во германскиот Суперкуп.

Натпреварот се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:00 часот.

Покрај натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар Левен се играат уште три меча од квалификациите за Лигата на Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

10:00 ВАРДАР – ЖЕЛЕЗНИЧАР

11:00 ГОЛДЕН АРТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

12:00 БОР – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА

13:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МУЛТИ ЕСЕНС

13:15 МЕТАЛОПЛАСТИКА – БЕШИКТАШ

15:00 ДУБОЧИЦА – СТРУГА

16:00 ИШТАД – ХАНОВЕР

17:00 ПРИЛЕП – СКОПЈЕ

18:00 ОХРИД – ТАТРАН ПРЕШОВ

18:00 ТРИМО – БРАГА

19:00 АГУАШ САНТАШ – ФАДИ ВИНТЕРТУР

19:00 КОКС – ПРОЛЕТ

19:00 ПАНОРАМА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

19:00 ВАРДАР – РАЈН НЕКАР ЛЕВЕН

20:15 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС

21:00 БЕКАМЕНТ ББ – ПАОК