Денес во Охрид стартува второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ кој ќе се игра до 26 август и на охриѓани, но и на сите ракометни љубители ќе им понуди квалитетен ракомет.
Осум екипи, од кои четири од странство, ќе се борат за трофејот покрај езерото, а натпреварите ќе се играат во утринските и вечерните термини.
Освен домашната екипа, на годинешното издание ќе настапат уште Голден Арт, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, Олимпијакос, Бешикташ, Металопластика и Татран Прешов.
На првото издание на турнирот титулата ја освои Тиквеш од Кавадарци, втор беше српскиот вицепрвак Партизан, третото место им припадна на ракометарите на Охрид, четврт беше Пролет…
Турнир „Крсте Андоновски Усташ“
Група А: Охрид, Бешикташ, Голден Арт, Олимпијакос
Група Б: Еурофарм Пелистер, Металопластика Шабац, Татран Прешов, Бутел Скопје
Распоред на денешните натпревари:
11:00 Бешикташ – Голден Арт
13:15 Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје
18:00 Охрид – Олимпијакос
20:15 Металопластика – Татран Прешов
Натпреварите се играат во спортската сала „Билјанини извори“. Билет за еден натпревар чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари.
Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.