Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе се бори за петтото место на ТВ турнирот на шампионите во босанскиот град Добој.
Ривал на пелистерци ќе биде хрватскиот првак Загреб, кој исто како и битолчани заврши на третото место во својата група.
Загреб беше поразен на два натпревари – од Барселона и од Војводина, додека го победи единствено словенечкиот Целје.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб се игра утре во 12:00 часот, по што битолчани се враќаат дома и ќе се подготвуваат за настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!