Настапуваше една сезона во Македонија, сега се врати дома!

Средниот бек Јакша Вјештица, кој во македонската елита настапуваше во минатата сезона, се врати во својата татковина.

По стекнатото интернационално искуство, најпрво во Радовиш, потоа во Охрид, младиот ракометар ги засили редовите на Рудар Костолац.

Новиот тим на Вјештица во минатата сезона не успеа да обезбеди опстанок во најсилната конкуренција во Србија и за следната сезона посакува експресно враќање во елитата.

Вјештица во својата кариера беше дел и од екипите на Земун, Нови Београд, Црвена Ѕвезда и Металопластика.

Во екипата на Рудар Костолац се очекува да пристигнат уште неколку засилувања, со кои тимот би бил поконкурентен во обидот и желбата да направи камбек во Супер лигата.